hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Од Цирих подобро се гледа Данска

mkd svajc

Квалификации за ЕП - Данска 2014 година

Шваjцарија - Македонија 22:27 (11:12)

Во амбиент како на домашен терен, мечот во Цирих нашиот селектор го почна со неколку изненадувања во одбраната. Од првиот наш напад Наумче Мојсоски по 100 секунди го отвори резултатот во наша полза.По три и пол минути реагираше Ален Милошевиќ од позиција на кружен напаѓач за прв седмерец и гол на Лингер за 1:1. Темелков со придодавање на пивотмен пак ни донесе водство, пред брзо Андре Шмит да израмни (2:2). По играта гол за гол, Филип Миркуловски со слалом го врати нашето водство во 9 минута (3:4). Нашата одлична одбрана и комбинаторика во нападот му понуди на Алушовски од позиција на пивотмен гол за прво водство од +2 (3:5). Капитенот Лазаров имаше зицер за +3, но Квадрели одбрани, а Свајлен возврати за 4:5 во 14 минута. Се зголеми нервозата во нашиот табор и по уште една техничка грешка, Рамсејер израмни во 14 минута (5:5). Кога Мојсоски погоди по втор пат, Перковац побара тајм-аут во 16 минута. Но и по минута одмор, нашата одбрана делуваше солидно, а во нападот погодуваа се повеќе ракометари. Пак со придодавање на линијата, сега Влатко Темелков, реализираше за 5:7. Но брзите швајцарци ако ништо не ни можеа на поставена одбрана, опасно се закануваа со контри. Лингер со својот втор гол израмни на 7:7, пред Лазаров од првиот седмерец да го врати нашето водство. И покрај болките расположен беше Наумче Мојсоски со третиот гол во 23 минута донесе 7:9. Откако Лазаров и Н. Мојсоски изнудија двојно исклучување кај швајцарците, стружанецот со четвртиот гол ги враќа најпостојаните +2 (8:10). Но наместо зголемување на предноста, играта 6 на 4, ги осоколи момците на Перковац и останаа во резултатска рамнотажа. Ветеранот Алушовски погоди по втор пат од неговата позиција, но домашните веруваа и Милошевиќ и Свајлен на влезот во последната минута од првиот дел израмнија на 11:11. Лазаров со својот втор гол го врати нашето водство, а во последниот напад во полувремето погреши Ристовски и наместо контра за +2, седмерец за Лингер, но за наша среќа швајцарското крило ја погоди стативата и со 11:12 заминавме на одмор.

Вториот дел започна како што заврши првиот. Со гол на нашиот најрасположен играч Наумче Мојсоски. Кога Борко одбрани, а Кирил Лазаров погоди од контра, во 32 минута нашето водство дојде до највисоки 11:14. Потоа плејмејкерот на Металург погоди и по шести пат за +4 за момците на Обрван. Но и избраниците на Перковац имаа свои адути и Свајлен и Лингер се доближуваат до 13:15. Кирил Лазаров конечно ги намести нишанските справи и од седмерец го постигна својот четврт гол за +3 за Македонија. Борко Ристовски го одбрани седмерецот на Андре Шмит, собирајќи шест интервенции. Тоа ги понесе соиграчите и Стоилов ефектно зголеми на 14:17. Играта на Македонија стана поконкретна и кога Јоновски блокираше, Миркуловски повлече контра, а Златко Мојсоски пак ја донесе најголемата предност (14:18). Играта на нашите момците личеше како игра во транс и Стоилов со уште еден гол од учебник го принуди Перковац на тајм-аут при 14:19 во 41 минута. Нашата позитивна серија ја прекина Лука Шпленгер со гол, кој практично во своите раце го имаше Ристовски. Но Наумче Мојсоски имаше своја вечер и од чекор погоди по седми пат за 15:20. Секој обид швакцарците да се вратат го „сечеа„ нашите репрезентативци и Алушовски со нов гол од контра ги врати највисоките 16:21. Во 46 минута Стоилов изнуди седмерец, но ударот на Лазаров за највисоки +6 го одбрани Бринголф. Наместо тоа, Ангеловски заработи исклучување, а Марсел Хес од крило намали на 17:21. Домаќинот максимално ја искористи бројчената предност и Давид Грубнер ефектно погоди за -3 за нашиот противник. Серијата на Швајцарија продолжи и Марко Курт од седмерец го постигна 19 гол за домашната селекција и го принуди Ивица Обрван на минута одмор. По тајм-аутот Кирил Лазаров го врати спокојот за 19:22 на 9 минути до крајот. Недостигаше само уште комбинација за Влатко Недановски и кога ресенчанецот погоди од крилна позиција во 53 минута, резултатот гласеше 19:23. Борко Ристовски со уште две одбрани, ги „спушти„ швајцарците во финишот на средбата. Капитенот погоди по шести пат, но швајцарците додадоа ризик во играта и нивните акции завршуваа брзо и ефективно. Така Рамсајер погоди за 21:24 во 56 минута. Наумче Мојсоски од седмерец го доближи триумфот со 21:25 на 2:05 до крајот. Кога играчот на натпреварот погоди на празен гол, веќе почна да се слави победата. Со многу труд издвојувана втора победа во квалификациите за Данска 2014 година.

Во македонската репрезентација Наумче Мојсоски постигна 9,а Кирил Лазаров 6 гола. Борко Ристовски имаше позитивни интервали во двете полувремиња, а користењето на целата наша клупа конечно даде резултат. Кај швајцараците неколку солидни поединици, најефикасен Свајлен со 4 гола. Македонија ја заврши својата работа и преостана само уште да се стегнат палци за победа на Шпанија во Гимареш во вториот меч од 5 гола од 1 квалификациона група.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

 

zoki svajcarija

 од „„Саалспортхале„ - Цирих, Швајцарија - Зоран Мишевски

 

Share