hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ЧЕСТИТКИ: Ангеловски по 150 пат за Македонија

macedon orom 640

На швајцарско тло еден од најкаризматичните македонски репрезентативци Бранислав Ангеловски го прослави својот јубилеен 150 настап за националната репрезентација. Феноменално достигнување за еден од неизбежните членови на скоро сите успешни генерации.

Со исклучок на мундијалот во Хрватска 2009 година, битолчанецот бил на сите големи натпреварувања, водел битки за дресот со државниот грб и за тоа треба да му се оддаде признание. Ангеловски кој оваа сезона со Констанца ја освои двојната круна во романското првенство, беше дел и од најуспешните младински селекции, кои ги направија првите чекори по осамостојувањето.

Тој спаѓа во малата одбрана група на ракометари со преку 100 настапи во која се уште своите бројки ги зголемуваат Стевче Алушовски и Кирил Лазаров, а уште неколкумина ја завршиле својата кариера. Честитки и уште многу настапи за Македонија за Бранко Ангеловски.

 

zoki svajcarija

 

од „„Саалспортхале„ - Цирих, Швајцарија - Зоран Мишевски

 

Share