hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: "Фалангата" го поплави Цирих

fal4

Стотици македонски навивачи од цела Швајцарија и овој дел од континентот во текот на целиот ден го обоија Цирих со црвено-жолта боја, а и во предвечерјето на важниот натпревар во „Саалспортхале„ се слушаше само македонска песна. Пред салата каде ќе се игра средбата се собираа, се групираа, се боеа во боите од нашето знаме, прераскажуваа спомени од Ниш, Белград, Гетеборг, Севиља. Некои познати, некои нови лица кои заедно се дел од најдобрата репрезентативна армија на навивачи - Македонската Фаланга. Видно беше голем бројот на мали деца и на девојки кои го почувствуваа моментот да ја понесат нашата репрезентација. Како ретко каде, можеби како во Скандинавија минатиот април, македонската ракометна репрезентација ќе се чувствува како дома, играјќи во центарот на Европа, во швајцарскиот Цирих.

zoki svajcarija

од „„Саалспортхале„ - Цирих, Швајцарија - Зоран Мишевски

 

fal1

fal2

fal3

fal5

 

Share