hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Во „Саалспортхале„ позитивни црвено-жолти вибрации

borko svajcarija

На повеќе од еден час од почетокот на клучниот натпревар за пласман на европското првенство во Данска, македонските ракометари го имаа првиот контакт со „Саалспортхале„ по двата тренинзи кои ги одработија синоќа и утринава. Ведрина, насмевки и позитивна атмосфера кај избраниците на Ивица Обрван и наговестување на многу црвено-жолта боја на трибините, што дополнително треба да направи да се чувствуваме како дома.

obrvan svajcarija

Заборавени се сите ситни повреди, подготвена е тактиката и со сите сили нашите ракометари ќе се обидат по втор пат во овие квалификации да ја совладаат Швајцарија. Само така местото во хотелската фотелја во Цирих пред мечот Португалија - Шпанија вечерва ќе биде удобно.

zoki svajcarija

од „„Саалспортхале„ - Цирих, Швајцарија - Зоран Мишевски

Share