hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Репрезентативците пристигнаа во Цирих

zurich

Со лет преку Загреб, македонската ракометна репрезентација денес околу пладне пристигна во Цирих, каде утре во 20:00 часот ќе се соочи со Швајцарија во петтиот меч од квалификациите за европското првенство во Данска. Репрезентативците имаа краток одмор од неколку часовниот лет и од 18:00 часот ќе имаат тренинг во „Спортхале„ каде утре ќе го одиграат мечот.

Селекторот Обрван го скрати списокот со изоставување на пет ракометари за утрешниот меч „Морав да го скратам списокот и решив за дуелот со Швајцарија да не сметам на услугите на Кузманоски, Даскаловски, Чаневски, Левов и на Стојчевски. Сепак, морам да потенцирам дека ова не значи дека тие се избришани од репрезентацијата. Овој избор е само за првиот натпревар со Швајцарија, а сите ракометари веќе в четврток ќе продолжат со тренинзи во Скопје со останатиот дел од националниот тим. Сите кои се појавија на овие подготовки се однесуваа максимално професионално" изјави за македонските медиуми Обрван.

Share