hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија воодушевена од трансферот на Лазаров

kire barca front

Минаа три-четири дена од официјализацијата на трансферот на Лазаров од Атлетико Мадрид во Барселона. Од петочните утрински часови кога најнапред каталонскиот гигант на својата официјална веб страна и преку социјалните мрежи, па официјалната страна на Лазаров обеледони двегодишна соработка, започна еуфоријата. Рекорд на посети од целата држава и голем дел од континентот, коментари на одобрување, потрага по новиот дрес на Лазаров, дилеми околу тоа кој број ќе го одбере. Комплетната медиумска понуда за време на викендот беше насочена кон веста за трансферот на нашиот капитен. Серија на насловни страници, први импресии, потрага по интервју и детали за преминот од Мадрид во Барселона. За момент концентрацијата на нашата репрезентација стана место за реакции за новиот клуб на Лазаров. Дури и првите луѓе на нашите спортски организации позитивно изненадени од изборот на десниот бек.

kire so goce

„Кире е наш вистински амбасадор веќе долги години ја претставува Македонија надвор, па ова е прекрасен момент за него, за неговото семејство и за македонскиот ракомет во целина, бидејќи ќе настапува во најдобрата ракометна европска екипа во последниве 20 години. Во таа смисла, чест и гордост е што го познаваме и што соработуваме. Преку неговите настапи таму ќе започне една посебна приказна, бидејќи од нашето поднебје доаѓаат таленти кои можат да се носат со најдобрите светски спортисти. За тоа се потребни многу откажувања, многу труд, вроден талент, а Кире се спој на сето тоа заедно. Јас сум оптимист, бидејќи бев во Келн на „Фајнал Фор" и ми недостигаше да има македонски играчи. На екраните одеше настапот на Атлетико од 2012 година, но убеден сум дека следната година ќе го видиме Кире повторно во „Фајнал Фор"! Да се надеваме дека во наредните години ќе има и македонска екипа која што ќе се пробие до завршаницата на Лигата на шампиони„ изјави за порталот „Дерби„ првиот човек на македонскиот ракомет Живко Мукаетов.

kire sport

„Мене ме изненадува што тој до сега не беше во некоја од првите светски екипи, бидејќи според играчките квалитети требаше да игра во некоја од нив. Сега со неговото доаѓање во Барселона му се отвора шанса за освојување на Лига Шампиони, бидејќи следната година со него и со Карабатиќ тешко е да се замисли подобра екипа. Иако е тоа екипа на ѕвезди, мислам дека повторно Кире ке биде најдобар странец и во таа средина. Навивам за Реал, но сега кога ќе гледам ракомет, ќе навивам за Кире бидејќи тој ќе игра за Барса. Ова ќе биде круна на неговата кариера„ заклучи спортскиот директор на МОК Александар Богоевски.

И на европската сцена се коментира потегот на македонецот да ја одбере Барса меѓу серијата на понуди од целиот свет. Порталите „Balkan-handball„ и „Planet-handball„ порачуваат дека ќе биде многу тешко некој да го победи дрим-тимот на Хавиер Пасквал. Од неговите нови соиграчи прв капитенот Виктор Томас му посака добредојде на Лазаров во новиот дрес преку социјалната мрежа Твитер. Веројатно трансферите на Карабатиќ и Лазаров беа главна тема и на прошталниот меч на Карлос Перез во Унгарија, а ќе бидат и во среда во Цирих каде „фалангата„ пак ќе се собере да ја бодри Македонија. Голем дел од македонците во Швајцарија и предминатата година го бодреа Лазаров кога Атлетико Мадрид играше со Кадети Шафхаузен во Лигата на шампионите.

Share