hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: „Фалангата„ многубројна и во Цирих

kire-obrvan-500

На денешната последна прес-конференција пред утрешниот лет на експедицијата за Швајцарија преку Загреб, потврдена беше информацијата дека македонските навивачи ќе бидат многубројни и во Цирих. Околу 700 членови на „фалангата„ го потврдија доаѓањето, а постои шанса да бидат и помногубројни.

 „Ракометарите со многу напор работеа на тренинзите иако е крај на сезоната која беше многу исцрпувачка. Се надевам дека ќе можам да сметам на повредените Миркуловски и Мојсовски. До синоќа бевме без Борко Ристовски, но и тој ни се приклучи што значи дека сме комплетни и дека она што беше планирано речиси целосно го реализиравме. Подготвени сме сите да дадеме сѐ од себе, да одиграме добар меч и да направиме позитивен резултат. Размислуваме само за мечот со Швајцарија, а дури по овој дуел ќе мислиме на Португалија. Никако не смееме да се опуштиме зашто Швајцарија ги загуби шансите за врвот, но нема да се предаде", вели Обрван.

„Има најави дека ќе играме пред 700-800 наши навивачи во Швајцарија што секако дека претставува дополнителен мотив за нас. Ние максимално подготвени го дочекуваме овој натпревар и се надевам дека на другиот меч Шпанија ќе ја победи Португалија„ рече Кирил Лазаров на денешната прес-конференција.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share