ВИДЕО: Лазаров: „Менталната подготовка е најважна„
Капитенот на националната репрезентација Кирил Лазаров со ведрина гледа на последнуте два натпревари од квалификации за европското првенство во Данска. И тој и соиграчите и стручниот штаб се свесни дека многу работи се во рацете на нашата искусна репрезентација:
„Ние сме веќе искусна репрезентација, знаеме да разликуваме важни натпревари. Мислам дека психолошкиот, менталниот момент ќе биде одлучувачки. Голем напредок е што овојпат успеавме да одржиме подготовки во времетраење од седум-осум дена, што не беше случај минатиот пат, кога имавме ден и пол за да се подготвиме за мечот со Шпанија. Имавме можност да работиме, да се воиграме, да ги отстраниме дел од грешките, што ни дава причина за оптимизам пред следните натпревари. Според мене Швајцарија е поквалитетна репрезентација од Португалија, но од друга страна тие од ниту еден аспект не се подобри од нас. Доколку одиграме онака како што знаеме, очекувам да стигнеме до посакуваниот триумф„ рече Кирил Лазаров во пресрет на еден од псоледните тренинзи во Скопје.