hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Каденас: „Не како во финалето, ама приближно моќни ќе бидеме и во Гимареш„

cadenas espana foto

Додека Ивица Обрван и неговиот стручен штаб напорно работи во Скопје и ја коваат стратегијата за мечот во Цирих со Швајцарија, истиот процес го минува една од трите селекции кои веќе ја имаат квалификацијата за пласман на наредното европско првенство. Шпанија на новиот селектор Маноло Каденас во среда во Гимареш му гостува на Португалија, а четири дена подоцна во Леон ја дочекува Швајцарија за крај на квалификациите. Наследникот на Валерио Ривера е убеден дека Шпанија и со него на клупата ќе биде повторно моќна и компетитивна:

„Не знам дали можеме да бидеме како на светското првенство, како во финалето многу тешко зошто тоа беше совршено издание, но се надевам дека ќе бидеме приближно моќни. Ова е мое деби на селекторската позиција и повеќе од се сакам да стартувам со победа. Посебно сега после овој притисок кој ми го наметнувате„ ни рече најљубезно Каденас, кој истовремено со клупата на „црвената фурија„ ќе го води и полскиот клуб Висла Плок. Од исходот на натпреварот Португалија - Шпанија во среда навечер, директно зависат шансите на нашиот национален тим. Сепак сите комбинации ќе паднат во вода ако не ја совладаме селекцијата на Перковац. Затоа планот А е да се донесе целиот плен од Цирих, а по мечот во репрезентативниот хотел да се навива за Каденас и неговите пулени.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share