hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

„СЕДУМ“ - првиот автобиографски чекор на Лазаров

logo lazarov

Во меѓупростор од двата квалификациски натпревари на ракометната репрезентација Кирил Лазаров ќе ја презентира својата прва автобиографска книга напишана и продуцирана во Шпанија, во периодот од последните две години. Книгата го носи насловот „Седум" и има новелистички пристап. Опишани се неколку ситуации, познати на јавноста, но ситуации кои скоро и никогаш да не биле искомуницирани директно и раскажани во детали. Многу од настаните се создадени во периодот од последното патување и настап на репрезентацијата во Шпанија, настапите со Атлетико во Келн на Лигата на Шампионите, преминот во најголемиот ракометен гигант во светот Барселона Интерспорт. Тие преку „Седум" се интересен момент за комуникација со публиката, навивачите и симпатизерите на ракометниот спорт во Македонија и Шпанија.

Книгата ќе биде презентирана во петок (14 јуни во „Сити Хол"- Скопје) во 12 часот, каде на организираниот коктел за сите гости, пријатели, новинари и љубители на „убавиот збор" ќе биде присутен и Кире Лазаров кој низ неколку збора ќе ја отвори и оваа досега необјавувана страна од сопствената кариера.

Share