hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Репрезентацијата приоритет пред мечот во чест за Перез

Perez Carlos-400x266

Само десетина дена по прошталниот меч на Дејан Периќ, уште еден голем ракометар му кажува збогум на омилената игра. Унгарскиот репрезентативец, а роден кубанец, Карлос Перез во 42 година од животот се одлучи да замине во пензија, а в недела во „Веспрем арената„ ќе ја собере ракометната елита, меѓу нив покана стигна и до нашиот Кирил Лазаров. Но со оглед на тоа што нашата репрезентација се подготвува за клучниот квалификационен натпревар со Швајцарија во Цирих, капитенот е неопходен со групата. Така на инсистирање на претседателот Живко Мукаетов и целиот стожер на репрезентацијата, Лазаров ќе остане во Скопје во нормален тренажен процес пред во вторник со целата наша експедиција според планот да одпатува за Цирих.

Lazarov250

Иако претседателот на Фотекс Веспрем инсистираше да го доведе Лазаров, дури и по најбрза постапка, сепак приоритет има нашата национална селекција „Карлос Перез е еден од најдобрите и сигурно еден од најоргиналните и најнезгодните бекови во светот на модерниот ракомет. Задоволство ми е што игравме заедно и одлично соработувавме на теренот и се дружевме надвор од него. Тој е еден од најквалитетните ракометари со кои сум играл во мојата кариера„ рече Лазаров за одличниот бивш соиграч. На неговиот проштален натпревар ќе се појават плеада на големи ракометни имиња: Арпад Штербик, Ивано Балиќ, Филип Јиха, Момир Илиќ, Никола Карабатиќ, Икер Ромеро, Маркус Алм, Дејан Периќ, Златан Сарачевиќ, Илеш Јозеф и Иштван Гулаш. Екипите ќе ги водат Лајош Мочаи, Здравко Зовко и Иштван Чокнаи. Лазаров и Перез минаа неколку сезони во унгарскиот Фотекс Веспрем и освоија заедно пет шампионски титули и исто толку национални купови. Карлос Енрике Реиналдо Перез заминува во пензија на 42 години, а ќе остане запишан како еден од најдобрите унгарски репрезентативци во историјата. Во Унгарија дојде во 1997 година од родната Куба и таму остана до крајот на кариерата.

Share