hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Канељас: „Ние на секој натпревар играме на победа„

canellas espana

Светскиот првак Шпанија веќе ја има в џеб квалификацијата за Данска и наредниот европски шампионат. Сепак еден од бившите соиграчи на нашиот Кирил Лазаров, робусниот Јоан Канељас нема дилеми дека и против Португалија, светскиот првак ќе биде оној правиот:

„Ние сме професионалци и на секој натпревар одиме на победа. Без разлика каков е тимот и кој ќе игра, а кој не, ние како светски првак имаме должност да победиме на секој натпревар„ ни рече Канељас уверувајќи не дека в среда во Гимареш нема да биде поразличен пристапот и ангажманот на црвената фурија од оној во април во Скопје и во Гвадалахара на двомечот на шпанската репрезентација со Македонија. Иако мислите на нашите репрезентативци се насочени кон мечот во Цирих со Швајцарија, веднаш по тој меч ќе се следи развојот на настаните на мечот Португалија - Шпанија. Со евентуална наша победа над Швајцарија на Перковац, секој резултат освен пораз на шпанците, ни остава сами да си ја решаваме нашата судбина на 16 јуни против Португалија. Шпанците на последните два натпревари ќе настапат без Штербик, кој доби одмор од новиот селектор Каденас и без Сармиенто кој заради повреда ќе биде заменет со Нико Миндехиа.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share