hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров + Рутенка + Карабатиќ = 107 трофеи

kire-rutenka-karabatic

Одамна во една иста екипа не играле така квалитетни, каризматични ракометари, но и спортски меѓународни звезди во своите земји и ширум целиот свет. Не само што го заслужуваат таквиот статус, туку ракометарите на Барселона кои ќе партиципираат во ростерот наредната сезона заедно имаат преку 300 освоени трофеи во кариерата.

Паѓа в очи фантастичниот учинок на надворешната линија: Рутенка, Карабатиќ и Лазаров. Тројцата заедно имаат 107 трофеи и немаат нешто што не освоиле во заедничката витрина на клубскиот ракомет. А освојувале и со своите репрезентации, посебно Карабатиќ. Кире и Рутенка се водечки и на вечната листа на најдобри стрелци во историјата на европските купови и во историјата на Лигата на шампионите. Двајцата се единствени со преку 600 гола во Европа (Лазаров е единствен со преку 700 гола) и нема да им недостига искуство. Лазаров во вакво друштво сигурно ќе го нападне единствениот клубски трофеј кој му недостига во кариерата - Лигата на шампионите.

Сергеј Рутенка - 43 трофеи (5 лига на шампиони и 11 национални првенства)

Кирил Лазаров - 33 трофеи (1 светска титула и 15 национални првенства)

Никола Карабатиќ - 31 трофеј (2 лига на шампиони и 7 национални првенства)

Share