hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Презентацијата на Лазаров на 20 јуни

kire pretstavuvanje 07 06 013

Само неколку часа по официјализацијата на Барселона дека Кирил Лазаров е нивни член во наредните две сезони, каталонскиот клуб го објави терминот за официјалната презентација на нашиот ракометар. Откако ќе ги одигра двата квалификациони натпревари со Швајцарија и Португалија, десниот бек ќе отпатува за Барселона и на 20 јуни во 12 часот ќе биде претставен пред каталонските и шпанските медиуми. Претставувањето ќе се случи во конференциската сала на „Палау Блауграна„ а покрај Лазаров ќе бидат присутни и првите луѓе на клубот. Веднаш потоа започнува одморот по напорната сезона за македонскиот репрезентативец. Подоцна овој месец ќе се знае агендата на клубот за почетокот на подготовките за сезоната 2013/14.

Share