hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Дружење на старите пријатели во Цеље

prostalna

Прошталниот меч на Дејан Периќ на едно место обедини многу големи ракометни имиња од целиот континент. Така во пресрет на натпреварот попладне од 18:00 часот, неминовно е дружењето, потсетувањето на старите добри ракометни денови, по некоја анегдота и слично. Дејан Периќ одсекогаш бил тесно поврзан со македонскиот ракомет. И не само заради настапот во Пелистер. Кирил Лазаров е негов голем пријател, а уште една македонска спортска легенда Пепи Манасков е негов кум. Тие двајцата заедно со Џорџиќ и Периќ утринава имаа заедничка средба која во мина во ведра атмосфера и многу смеење. Веројатно слично ќе биде и по натпреварот кога сите актери на прошталниот натпревар ќе се соберат на заедничка вечера.

Share