hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Стефановски: „Убеден сум дека Кире еден ден ќе го освои Final four„

stevce za kire

Во предвечерјето на уште еден завршен турнир на ракометниот Final four во „Ланксес арената„ во Келн, бившиот наш селектор, а веќе подолго време стручен аналитичар Стевче Стефановски за ТЕРА ТВ имаше интересен став за сезоната на Атлетико Мадрид.

„Мислам дека главна грешка на Атлетико Мадрид беше што не го пополни заминувањето на Штербик и повредата на Омбрадос со квалитетен голман. И така Душебаев создаде одлична игра и малку недостигаше да биде во Келн. Жал ми е за Лазаров, што нема да има шанса оваа сезона да ја освои Лигата на шампионите, но во нешто сум убеден. Познавајќи го каков работник е и колку посветува на своето надградување, уште од времето кога беше во Пелистер, убеден сум дека ќе ја освои Лигата на шампионите. Ако не со Атлетико Мадрид, тогаш со новиот клуб, Кире сигурно ќе ја освои Лигата на шампионите„ заклучи Стефановски во воведната емисија посветена на Final four во Келн на ТЕРА ТВ која ќе се емитува в петок од 19:30 часот.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share