На последниот натпревар во Мадрид, Кирил Лазаров беше под лупа на интересирањето на целата македонска и шпанска јавност. Како и секогаш тоа не влијаеше на неговите перформанси. Специјална камера ги следеше неговите движења во текот на загревањето и натпреварот со Адемар Леон, кој Атлетико Мадрид го доби со 32:26. Интересно е да се види како Лазаров се подготвува за натпревар, како концентрирано ја движи екипата, како погодува во противничката мрежа, како „дише„ со амбиентот, актерите и навивачите.
ВИДЕО: Зоран Мишевски - ТЕРА ТВ www.lazarovkiril7.com