hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Каденас со проверени сили во Гимареш

manolo selectionador

Иако ги одигравме двата квалификациони мечеви со Шпанија, сега со полно внимание мора да ја следиме најдобрата светска репрезентација. Имено од исходот на мечот Португалија - Шпанија многу работи зависат дали ќе ја видиме Данска и европското првенство или не. За двомечот со Португалија на 12 јуни во Гимареш и Швајцарија во Леон на 16 јуни наследникот на Валерио Ривера се определи за проверени сили.

Селекторот Маноло Каденас ги повика скоро сите освојувачи на светската круна и оние кои настапија против Македонија во двомечот во април. Исклучок е Арпад Штербик кој ќе одмора на двата последни меча на веќе квалификуваната „црвена фурија„

Голмани:
Хосе Мануел Сиера (ПСЖ) и Гонзало Перез де Варгас (Гранољерс)

Леви крила:
Хуанин Гарсија (Барселона), Валеро Ривера (Нант) и Кристијан Угалде (Веспрем)

Десни крила:
Виктор Томас (Барселона), Алберт Рокас (Барселона) и Роберто Гарсија Парондо (Атлетико Мадрид)

Кружни напаѓачи:
Хулен Агинагалде (Атлетико Мадрид), Гадеон Гвардиола (Рајан Ловен Некар) и Хуан Андреу (Хановер)

Средни бекови:
Раул Ентрериос (Барселона) и Даниел Сармиенто (Барселона)

Леви бекови:
Виран Морос (Барселона), Јоан Канељас (Атлетико Мадрид) и Антонио Гарсија (ПСЖ)

Десни бекови:
Хорхе Македа (Нант) и Анхел Монторо (Барселона)

 

Share