hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров трет стрелец во ASOBAL лигата

kire tret strlec

Минатиот викенд официјално се спушти завесата на уште една сезона во шпанската ракометна ASOBAL лига. Кирил Лазаров според официјалната статистика е трет стрелец во лигата со 156 постигнати гола, што е во просек 5,37 гола по натпревар. Лазаров одигра 29 од 30 натпревари за Атлетико Мадрид и го пропушти само домашниот меч со Арагон. Најдобар стрелец е Алекс Душебаев од Арагон со 196 постигнати гола, второпласиран е Енрике Плаза од Вила де Аранда со 177 гола, а Лазаров е трет.

Веднаш зад него се Јоан Саубич од Хуеска со 155 и Анхел Перез де Инестроза од од Сиудад Енкантада со 153 гола. Забележливо е дека Лазаров е единствен од водечките три-четири екипи, кои се изборија за место во Лигата на шампионите меѓу водечките стрелци. Ракометарите од помалите клубови имаат поголема минутажа за разлика од големите клубови, каде многу ракометари ротираат. На пример најдобар стрелец на Барселона е Сергеј Рутенка кој е дури на 21 место на листата на стрелци. Минатата сезона Лазаров постигна исто така 156 гола и беше втор стрелец во лигата. Претходно во кариерата, македонскиот ас бил крал на стрелците како член на унгарскиот Веспрем.

Share