hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Безболен пораз на Атлетико во Ваљадолид

kire 25 05

Ваљадолид - Атлетико Мадрид 30:25 (15:14)

Во последниот триесетти натпревар во сезоната во ASOBAL лигата, Атлетико Мадрид на Кирил Лазаров гостуваше во Ваљадолид во меч за престиж за гостите и за потврда на опстанокот за домаќините. Tимот на Душебаев во Ваљадолид одпатува без одамна повредените Бараше, Шабановиќ, Дал и од неодамна Масач. Мотивираниот Ваљадолид заслужи преодна оценка за пристапот во мечот и целото прво полувреме. Балиќ и Лазаров одлично го отворија натпреварот за прво водство на вицешампионот (1:3). Но Кривокапиќ и Хернандез Касадо полека го топеа водството на фавотитот. Со голот на Хорхе Гарсија Вега во 12 минута, Ваљадолид прв пат поведе со 6:5. Ромеро и Јуркиевич брзо го вратија мадридската екипа во водство, пред Кривакапиќ со нов гол да погоди за 9:7. На истекот на 20 минута, Кирил Лазаров и Алваро Ферер постигнаа два неодговорени гола за ново израмнување (9:9). Тогаш настана највисоката серија од 4:1 за Ваљадолид кој со два гола на Перез и еден на Девиља дојде до 14:10. Јоан Канељас со два гола од чекор ја преполови разликата, пред Гарсија со нов гол да ја донесе минималната преднос на полувреме од 15:14 за помотивираниот Ваљадолид. Еду Фернандез на неколку секунди до одморот погоди за -1 за екипата на Душебаев.

На почетокот на второто полувреме, конекцијата Лазаров - Агинагалде донесе два гола на баскиецот за резултатска контрола на гостите (16:17). Двете екипи играа поцврсто во одбраната и со игра гол за гол, мечот влезе на половина во вториот дел (21:21). Но видливо беше дека Ваљадолид повеќе ја сака победата. Така Касадо со два лесни гола по технички грешки на гостите, ја врати предноста на Ваљадолид (24:21). Божовиќ и Кривокапиќ со два гола со многу силни удари од дистанца го „скршија„ отпорот на избраниците на Душебаев. Младиот Мигуел Санчез и Ферер до крајот се обидоа да го вратат Атлетико во мечот, но беше предоцна. Унгарскиот србин Марко Кривокапиќ со уште три гола меѓу 54 и 57 минута ја донесе највисоката предност (30:24). Мечот со свои голови го заврши Кирил Лазаров, кој со пет гола стигна до својата вообичаена квота. Во победничката екипа на Ваљадолид, Кривокапиќ постигна 6, Хернандез Касадо 5, а Вега, Перез и Гарсија по 4 гола. Лазаров и Агинагалде со по 5 гола беа единствени светли точки кај Атлетико Мадрид. Двајцата се најпозитивни овој последен месец во дресот на Атлетико Мадрид. Омбрадос собра 12 одбрани, но тоа не беше доволно да се избегне петтиот пораз во сезоната. Ваљадолид го обезбеди опстанокот, а Атлетико Мадрид како и лани заврши на второто место во ASOBAL лигата и ќе игра во групната фаза на Лигата на шампионите во сезоната 2013/14.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share