hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Атлетико му се заблагодари на Лазаров за трите сезони

ademarleon39

Близу 5.000 гледачи во неделата во арената „Висталегре„ во Мадрид присуствуваа на последниот меч на домашен терен во сезоната 2012/13. Тоа беше можност еден голем клуб како Атлетико Мадрид да му оддаде признание на ракометарите, кои го одиграа последниот меч во Мадрид. Уште пред неколку недели Кирил Лазаров откри дека ќе го напушти овој клуб по три сезони и тоа значеше дека со Адемар Леон за последен пат играше пред мадридската публика.

ademarleon41

Така по завршувањето на средбата Лазаров како и неколку други ракометари кои го напуштаат клубот на крајот беа поздравени од гледачите, а соиграчите ги фрлаа во воздух, како еден вид признание. Кирил Лазаров во три сезони за овој клуб освои седум трофеи, играше две европски финалиња и во сите три сезони беше најдобар клубски стрелец и во ASOBAL лигата и во Лигата на шампионите. Во најкраток временски период ќе биде познат новиот клуб на македонскиот ракометен репрезентативец.

Share