hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Победа, поздрав и испраќаме за Лазаров од „Висталегре„

kire matpreva 19

Aтлетико Мадрид - Адемар Леон 32:26 (17:14)

zoki madrid mala
Од „Висталегре„ - Мадрид, Шпанија
Зоран Мишевски

Неколку илјади „фанови„ на Атлетико Мадрид дојдоа во „Висталегре„ да ја поздрават екипата, која го освои националниот Куп во меч со Адемар Леон во кој во игра беа бодови за престиж. Домашната екипа без повредените голмани Дал и Шабановиќ и без Бараше, а гостите без Руезга играат одличен офанзивен ракометен меч, во кој играта во одбрана не беше посилна страна на двете екипи.

Мечот одлично го почнаа момците на Душебаев и по првиот примен гол , Агинагалде, Лазаров и Калман брзо го доведоа ритамот на натпреварот на „млинот„ на Атлетико Мадрид. Хота Омбрадос одбрани седмерец, комбинаторно преку пивотменот Ромеро кој постигна три врзани гола, домашната екипа дојде до осетливи 7:3 во 8 минута. Но Маноло Каденас мораше да ја корегира својата одбрана и Голубовиќ со брза реакција и голови од контра на Кампос и Вражалиќ, го донесоа Адемар Леон до 10:6. Тогаш Лазаров со скок-шут го постигна својот втор гол, па и третиот од одпадок за 12:7 во 21 минута. Домашната екипа ги одржуваше тие пет голови предност се до финишот на полувремето. Така полека се разиграа скоро сите ракометари на Душебаев. Погодија и Гарсија Парондо и Јоан Канељас погодија по првт пат, а Лазаров од крило по четврт пат за 16:11 на неполни 5 минути до крајот. Но реагираа гостите од северна Шпанија и полека се доближуваа. Раул Кампос од седум метри и Марио Алварез намалија на -4, а со гол на 20 секунди до одморот на Раул Кампос, екипата на Каденас спушти на подносливи 3 разлика, во прво полувреме на коректна игра и без ниту едно исклучување.

Вториот дел го отвори Калман со својот втор гол од позиција на лево крило за 18:14, а потоа ефектно и за 19:15. Гостите водени од Раул Кампос и солидниот голман Малумбрес полека ја анулираа предноста. Два пати стигнаа до -2, но квалитетот на победникот на Купот доаѓаше до израз. Јуркиевич се разигра со два гола, Лазаров погоди од скок-шут и предноста беше солидни 23:19. На голот на Тараинцев, реплицираше Еду Фернандез, а кога Врањеш по втор пат беше исклучен, Лазаров го реализираше својот прв седмерец за 25:20. Атлетико Мадрид имаше целосна контрола над случувањата, а и Омбрадос се разбрани. Калман и Агинагалде го вратија спокојот и во 49 минута, резултатот гласеше 27:21. Омбрадос кој го бранеше скоро целиот натпревар, собра уште две одбрани, а Канељас од седмерец ја донесе највисоката предност од 28:21 на 11 минути до крајот. Се им поаѓаше од рака на момците на Талант, па така и младиот Антонио Диез одбрани седмерец по ударот на Раул Кампос, само што влезе во игра. Неизвесноста потполна исчезна, па и Гарсија Парондо погоди седмерец за 29:21. По скоро шест минути без постигнат гол, Адемар Леон погоди два пати преку Вражалиќ и Татаринцев од полуконтра. Но во офанзивниот арсенал на Душебаев фалеше гол на Алваро Ферер. Токму тој погоди низ зоната на гостите за 30:23 во 54 минута. Играта на Атлетико Мадрид стануваше атрактивна и Ромеро една филигрантска акција ја заврши со четврт свој гол за 31:23. Голубовиќ кратко намали на 31:24, пред Агинагалде од седум метри да погоди за нови +7.

Рутинска домашна победа на Атлетико Мадрид со која црвено-белите ја завршија сезоната во „Висталегре„. Во победничката екипа најефикасни беа Калман со 7 и Лазаров со 6 гола (нашиот капитен имаше и две асистенции). Ромеро постигна 4 гола од линијата, а Омбрадос солиден со 10 одбрани. Кај Адемар Леон преодна оценка за Раул Кампос кој постигна 7 и Голубовиќ со 5 гола. Гостите од Леон во последното коло сами си ја решаваат судбината за влез во Лигата на шампионите во домашниот меч со Натурхаус Ла Роха, а Атлетико Мадрид без разлика на исходот во Ваљадолид сезоната ја завршува како вицешампион. На крајот клубот ги испрати оние ракометари, кои го напуштаат Атлетико Мадрид на крајот од оваа сезона и го одиграа последниот меч во Висталегре: Лазаров, Масач, Ромеро, Ферер, Гарсија Парондо, Дал и Шабановиќ.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share