hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Лазаров на денот на децата на Мадрид

kire 19 05 1

Викендот во знакот на прославата на фудбалскиот Куп на Кралот на Атлетико Мадрид, се комплетира со последниот домашен натпревар на ракометарите на Атлетико Мадрид. Тие го дочекуваат Адемар Леон во „Висталегре„ а како предигра на средбата, дел од ракометарите учествуваа на иницијативата за денот на децата на Мадрид, кој се одржа цело претпладне низ улиците на Мадрид.

kire 19 05 2

Не беше се црвено-бело како претходните денови, но многу деца се забавуваа и ја избираа својата активност. Така голем интерес имаше и во катчето на ракометниот клуб Атлетико Мадрид, во кое најмладите имаа забавни ракометни игри, добиваа автограми, фотографии, подароци од нивните идоли. Овој пат Лазаров, Дал, Шабановиќ и Гојун го претставуваа клубот и се забавуваа со најмладите.

kire 19 05 3

Сите потпишуваа постери, фотографии, дресови, делеа шалови, сувенири, се фотографираа со ракометарите и најавија нова дружба во „Висталегре„ в недела вечер. Ова е само една од неколку иницијативи на клубот во текот на денот на децата на Мадрид.

kire 19 05 4

Многу често во текот на сезоната, професионалнците на Атлетико Мадрид учествуваат во социјални акции, да се доближат до своите навивачи и најмладите и тоа наидува на одобрување кај навивачите на Атлетико Мадрид.

kire 19 05 5

Share