hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров на ручек во Радио Марка

kirem2

Во пресрет на последниот домашен натпревар во сезоната, македонскиот репрезентативен капитен Кирил Лазаров беше гостин во мадридското Радио Марка. Тој повеќе од еден час разговараше на актуелни теми со шпанскиот новинар Хорхе Дармиел, а потоа имаа и заеднички ручек.

kirem3

Ова искуство не му е непознато на Лазаров, кој веќе гостувал во Радио Марка кога го продолжи договорот со Атлетико Мадрид. Сега гостуваше кога го најави своето заминување од главниот град. Сезоната во дресот на Атлетико, овие три години минати во Шпанија и ASOBAL лигата беа главна тема на разговорот.

kirem1

Хорхе Дармиел е бивш ракометар и добар познавач на ракометната игра, а воедно работи за Радио Марка и за електронското издание на најтиражниот шпански весник. Во неговата колекција на дресови неизбежна е и седумката на македонскиот национален дрес.

Share