hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Карлос Перез го покани Лазаров на својот проштален меч

kire 1805

Една голема генерација на ракометари кои долго траат одлучи да се збогува од омилената игра. Така по Дејан Периќ и легендарниот кубанец Карлос Перез, кој од 2002 година настапува за унгарската репрезентација ја завршува својата кариера. На 9 јуни во „Фотекс арената„ Перез ќе го одигра својот проштален натпревар по кој во 42 година заминува во заслужена пензија.

По пет сезони и многу победи и трофеи во Веспрем, очекувано Перез го повика нашиот капитен Кирил Лазаров на таа ревијална ракометна средба. Покрај Лазаров поканети се уште Арпад Штербик, Ивано Балиќ, Филип Јиха, Момир Илиќ, Никола Карабатиќ, Икер Ромеро, Маркус Алм, Жарко Шешум, Дејан Периќ, Златко Сарачевиќ, Илеш Јозеф и Гулаш Иштван. Екипите ќе ги водат Лајош Мочаи, Здравко Зовко и Чокнаи Иштван, а скоро сигурно нема да има празно место во спортската сала на Веспрем. Перез во својата кариера освои 13 унгарски првенства (5 заедно со Лазаров), 12 национални Купа, еден КПК, а играше и во едно финале на Лигата на шампионите. Тоа ќе биде достојно испраќање на една голема ракометна легенда, која трае веќе две децении.

Share