hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров на прошталниот меч на Дејан Периќ

kire 17 05

Во 42 година oд животот легендарниот голман Дејан Периќ ја завршува својата кариера и тоа ќе го направи со стил. Имено од пред некој ден официјализирано е дека на 31 мај во Цеље во арената „Златорог„ ќе се одигра проштален меч во кој ќе настапат ракометари кои го пратеа Периќ во неговата богата и успешна кариера. Во тој мајски петок од 18:00 часот ќе се сретнат два идеални тима на Периќ кои ќе ги водат Богослав Периќ и Мирко Башиќ.

Нашиот ракометен ас Кирил Лазаров е многу добар пријател со Периќ и не само од времето кога беа соиграчи во Фотекс Веспрем, туку постојано контактираат и кога професионалните обврски ќе им дозволат и другаруваат. Така Лазаров е во одбраното друштво со Ненад и Предраг Перуничиќ, Ивано Балиќ, Роман Пунгартник, Петар Метличиќ, Никола Еклемовиќ, Алваро Начиновиќ, Алем Тоскиќ и уште многу, многу други. Со оглед на настапот на Final four во Келн во наредните два дена не можеа да го прифатат повикот Икер Ромеро, Момир, Илиќ, Урош Зорман и Марко Вујин.

Периќ е роден во Бечеј 1970 година и во својата кариера нема што не освоил. Често бил клучен фактор за успесите на своите клубови и репрезентации, а една сезона помина и во нашиот Пелистер кога неговиот татко Богослав беше тренер на екипата. Дејан Периќ настапувал во три исти клуба каде што настапувал и нашиот капитен: Пелистер, Фотекс Веспрем и Атлетико Мадрид. Во неколку наврати Лазаров напоменал дека токму Дејан Периќ е еден од неговите спортски идоли, од кого можат да се научат многу работи во спортот. Дефинитивно неговиот проштален меч ќе биде спектакл,бидејќи одбележува 10 години од новата арена „Златорог„ во која Периќ вгради многу натпревари, бидејќи цели 11 сезони го носи дресот на Пивоварна Цеље.

 

vabilo-Dejan-Peric

Share