hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

„Висталегре„ ги слави двете титули

kire peehari 2013

В недела од 19:00 часот во рамките на предпоследното 29 коло од шпанската ASOBAL лига, Атлетико Мадрид на домашен терен игра со Адемар Леон. Мечот нема голем резултатски значај, но претставува прва можност мадридската публика да го поздрави освојувачот на Купот на Кралот. Еден час пред мечот ќе бидат изложени двата трофеи, кои оваа сезона ги освои Атлетико Мадрид (IHF Супер глоб и Купот на шпанскиот крал) и сите навивачи ќе можат да се фотографираат со нив.

Мечот со Адемар Леон ќе биде и последен домашен натпревар во Мадрид за Кирил Лазаров, кој минатата недела обелодени дека по три сезони ќе го напушти овој клуб. Една недела подоцна Атлетико Мадрид гостува во Ваљадолид во последното 30 коло од ASOBAL лигата.

Share