hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса убедлива, Лазаров повторно најпозитивен

kire 11 05 2013

Барселона - Атлетико Мадрид 35:26 (17:11)

Седмиот и последен меѓусебен дуел на Барселона и Атлетико Мадрид дојде точно една недела во победата на Лазаров и другарите во Логроњо во финалето на Купот на Кралот. Така каталонците бркаа рекорд на победи поставен од Сиудад Реал, а екипата од главниот град сакаше во стил да ја заврши сезоната.

Без серија на повредени ракометари, последен Хулен Агинагалде, избраниците на Душебаев мечот го започнаа така лошо, како што добро влегоа во Куп мечот. Во првите седум напади гостите не постигнаа гол, а за сметка на тоа Барса и без Хуанин Гарсија и Рутенка брзо се одлепи. Капитенот Томас и словакот Страновски брзо донесоа 4:0, пред Лазаров со првиот гол дури во седмата минута да го скрши малерот. Но играта на Атлетико беше толку лоша што по уште неколку гола на лидерот, на Агирезабалага и Сорондо, резултатот гласеше 7:1, кога Душебаев побара тајм-аут. Брзото одлепување значеше растење на самодовербата на домашната екипа, која погодуваше скоро од сите позиции. Нашиот Лазаров долго време беше единствен стрелец на Атлетико. Мина половина полувреме, а Кирил Лазаров постигна три гола, наспроти девет на Барселона. Дури во 14 минута Јуркиевич го постигна првиот гол на Атлетико кој не беше дело на македонецот. Но норвежанецот Дал на голот ништо не одбрани и Гурбиндо и Сармиенто ја направија првата двоцифрена предност во 23 минута (16:6). Кога Хота Омбрадос застана на голот и собра 7 интервенции во 6 минути, Атлетико се врати на поднослив дефицит. Со четвртиот гол на Лазаров и серија 5:1 во последните 4 минути (3 гола на Дејвис), гостите на полувреме заминаа со 17:10.

Вториот дел Атлетико Мадрид го почна со сосема поинаков пристап. Канељас, Лазаров и Балиќ брзо ја направија дистанцата поднослива. Така по само шест минути во вториот дел, Штербик беше без интервенција и Атлетико дојде до 20:15. Двете исклучувања на Виктор Томас гостите максимално ги искористија. Но по две технички грешки Виран Морос и Монторо вратија на 23:16 во 38 минута. Двете екипи играа со многу послаби одбрани и нападите завршуваа брзо. Лазаров остана најсветла точка кај црвено-белите и во 43 минута погоди по шести пат за 24:19. Но на секое доближување, Барса одговараше со своја мини-серија. Раул Ентрериос погоди два пати по ред за 28:20 во 49 минута. Резервистот Алберт Рокас во 51 минута го постигна триесетиот гол за Барселона за 30:22. Скоро сите кои добија шанса од двете екипи се запишаа меѓу стрелците. Нодесбо од контранапад погоди за +8, пред Лазаров со седмиот гол да намали на 31:23. Порасна бројот на грешки при додавањата на гостите и Рокас од нова контра ја вради двоцифрената разлика (33:23). Практично играта на Атлетико во одбрана не постоеше и Барса на три минути до крајот дојде до највисоки +11. Канељас на истекот на 59 минута го постигна четвртиот гол за 35:25, а Мигуел Санчез од седмерец намали на 35:26, што беше и конечниот резултат.

Во каталонскиот тим сите ракометари постигнаа голови, најмногу Раул Ентрериос со 6 гола. Кај Атлетико Мадрид Кирил Лазаров со 7 гола беше најефикасен, а само уште Канељас може да добие преодна оценка. Петта победа во седум натпревари за Барселона против Атлетико Мадрид оваа сезона. На две кола до крајот, шпанските ракометни гиганти ќе играат само за престиж, бидејќи нема закана да им бидат загрозени првата и втората позиција.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share