hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Шампионите на прием кај властите во Мадрид

kire 10 05 2013 2

Освоениот Куп на Кралот минатата сабота во Логроњо е голема чест за клубот, ракометарите и целото семејство Атлетико Мадрид. Во последните неколку години зачестија приемите на фудбалерите и ракометарите на Атлетико Мадрид кај градоначалникот на Мадрид Ана Ботелја. Сите преставници на клубот на чело со претседателот на Атлетико, Енрике Серезо и тренерот на екипата Куп-победник Талант Душебаев беа на свечен прием. Како и во септември минатата година по враќањето од Доха со IHF Супер глоб, првите луѓе на Мадрид ги дочекаа хероите на Мадрид, кои ветија дека повторно ќе се вратат на прием и тоа го остварија.

kire 10 05 2013 1

Капитенот на екипата Хозе Хавиер Омбрадос и врачи на Ана Ботиља црвено-бел дрес со број 2020 во чест на кандидатурата на Мадрид за ЛОИ.Сега ред е и фудбалерите да следат чекорот на Лазаров и другарите, во финалето на фудбалскиот Куп на кралот, наредниот петок против Реал Мадрид. В недела пред почетокот на фудбалскиот меч Атлетико Мадрид - Барселона, ракометарите на Атлетико Мадрид ќе бидат поздравени и од „Висенте Калдерон„ стадионот.

Share