hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров по три сезони заминува од Атлетико

kirre 09 05 2013 1

Се ближи крајот на ракометната сезона 2012/13 во ASOBAL лигата. Само уште три натпревари за професионалците на Атлетико Мадрид, потоа два репрезентативни настапи и време е за одмор по напорната сезона. По серијата на шпекулации во последно време, разрешена е дилемата околу иднината на македонскиот ракометен репрезентативец Кирил Лазаров.По три успешни сезони, Лазаров ќе го напушти Атлетико и ќе мине во друг клуб. Намалувањето на буџетот ќе принуди неколку ракометари да го напуштат овој култен шпански клуб, но Атлетико и понатаму ќе остане конкурентен

„Можам да потврдам дека по завршувањето на оваа сезона нема повеќе да настапувам за Атлетико Мадрид. Имав три успешни сезони и многу радости во црвено-белиот дрес. Наскоро ќе ја знам мојата иднина и ќе го соопштам името на мојот нов клуб„ кратко потврди Лазаров околу шпекулациите за наредната сезона. Лазаров во три сезони освои седум трофеи со Атлетико на Талант Душебаев и играше уште две финалиња на Лигата на шампионите. Најчесто го подигаше трофејот од Купот на Кралот, дури три пати, по еднаш го освои и ASOBAL Купот, ASOBAL Супер-купот и ова лето IHF Суперглоуб во Доха.

Во сите три сезони беше најдобар клубски стрелец во ASOBAL лигата и во Лигата на шампионите, а минатата година и втор стрелец во цело натпреварување со еден гол доцнење зад Микел Хансен. Ќе се паметат неговите историски партии во овој дрес со Копенхаген во Келн, со Флензбург, голот во Берлин и уште многу, многу други детали. До крајот Лазаров ќе настапи на последните првенствени средби со Барселона, Адемар Леон и Ваљадолид. По денешните шпекулации во шпанска Марка, Лазаров веднаш ги информира своите фанови за неговите наредни планови.

kirre 09 05 2013 2 copy

Share