Каденас наследник на Валерио Ривера
Една од селекциите која веќе се квалифукува на Европското првенство во Данска беше принудена да го менува селекторот. Светскиот првак Шпанија мораше да побара наследник на Валерио Ривера, кој отиде на кормилото на катарската репрезентација. Шпанија го именува Маноло Каденас како селектор на шпанските ракометари во наредниот циклус за европското и светското првенство. Тој ќе има тешка задача, да продолжи по патот на успехот што го зацрта неговиот претходник, освојувајќи го златото на последното Светско првенство што се одржа токму во Шпанија. Дебито на Каденас ќе биде наредниот месец на мечот на Шпанија на гости кај Португалија. Тој покрај селекторската улога во репрезентацијата на Шпанија ќе биде и тренер на полскиот тим Висла Плок.