ВИДЕО: Абало: „Обожавам големи натпревари„
Еден од најценетите ракометари во модерното време, звездата на ПСЖ Лук Абало не ја прославуваше многу вчерашната победа над Исланд заради тоа што за него и за Франција тоа е само една нормална победа. И кога играат на мали бројки, па и кога примаат 28 гола како против Исланд, триколорите победуваат.
„Обожавам да играм големи натпревари. За мене и за нашата екипа кога играме со посилен противник, нам ни е и полесно. Секогаш сме мотивирани, концентрацијата е на највисоко ниво и веруваме во себе на такви натпревари. Турнирот влегува во најосетливата фаза и секој детал е важен. Ни преостануваат уште три натпревари до титулата и верувам дека можеме до крај„ велеше Абало, откако „галските петли„ ја симнаа репрезентацијата на Исланд од „дневниот ред„ и се насочија на следење на наредниот противник кој ќе го дознаат вечерва (Хрватска или Белорусија). Ова четвртфинале се игра в среда во Сарагоса.