Првата реакција на капитенот Кирил Лазаров на средбата јасно ги потврдува неговите стравувања од нашиот менталитет. Сите пофалби за првото полувреме и претпазливост дека средбите траат 60 минути за она што можеше да ни се случи во продолжението.
Нашиот капитен со нови 9 гола е на врвот на најдобрите стрелци на турнирот и смета дека оваа селекција на Македонија може да игра само подобро во продолжението на турнирот. При тоа наши наредни противници ни се европски селекции кои играат нормална консталација на одбрана, која повеќе ни лежи. Затоа простор за оптимизам постои и само со ведрина треба да гледаме на иднината.