Омејер стапи на сцена и обезбеди ново француско финале
Мечот на последните два светски прваци ја оправда улогата на финале пред финалето. Јоан Канељас кој ја доведе Шпанија во ова полуфинале го отвори мечот со гол за светскиот првак. Но брзо одговори мотивираниот Никола Карабатиќ со три гола во првите 10 минути аз 6:7 за момците на Клод Онеста. Кога Нарцис погоди со спектакулрна задршка во воздух, Каденас побара тајм-аут при 6:8 во 11 минута. Омејер одбрани две топки и Гигу со два гола и Порт од спротивната страна на европскиот првак му донесоа комотни 6:10.
И Бараше влезе во ритам и на средина од првиот дел, Франција имаше 7:12 и светскиот првак од пред две години беше на големо искушение. Ривера јуниор од седмерци и Рокас го имаа одговорот до 11:13 во 20 минута од мечот. Потоа следеа исклучувања на Агинагалде и Сорондо, настапи нервоза и страсните пламнаа. Каденас се обиде со Алекс Душебаев да ја изненади француската одбрана и ракометарот на Вардар постигна два гола. Но на доближувањето на „црвената фурија„ Франција возврати со својата одбрана која ја мониторираше Динар од клупата и контрите на Порт за 13:16 во 25 минута. Онеста побара минута одмор и го изротира целиот тим и пак имаше водство. Гребил беше осмиот кој се запиша меѓу стрелците за 14:18 на две минути до одморот.
Со големи +4, момците на Онеста заминаа на одмор во спектакулатно полувреме во „Лусаил арената„ Вториот дел почна со нов одбранет зицер на Тити Омејер, кој им даде сила на соиграчите и ги подигна гледачите од трибините. Угалде како резултат на цврстата шпанска одбрана ја преполови француската предност (16:18). Канељас намали на -1, а и Чема Родригез погоди, но судиите заради недозволен блок на Агинагалде го поништија голот. Франција заглави во офанзивата и за 10 минути во вториот дел момците на Онеста постигнаа само еден гол. Гонзало по скромниот птв дел, влезе во ритам и одбрани 4-5 топки на почетокот од вториот дел. Со духот на Дидие Динар кој на клупата на Франција како да беше во теренот, галските петли го затворија голот, а Омејер со на крајот 20 интерценции го понесе епитетот играч на натпреварот. Напад по напад, одбрана по одбрана, искусната француска екипа го доведе мечот до самиот крај псотигнувајќи само 6 гола во 28 минути од вториот дел. Во последните две минути Порт и Гигу постигнаа голови за дефинитивна потврда на победата, а Омејер со одбранет седмерец за заврши приказната. Финални 22:26 и ново финале за француските „експерти„. Покрај Омејер и одбраната во нападот, 5 гола даде Гигу, а по 4 додадоа Порт и Нарцис. Во шпанскиот табор Угалде и Канељас беа најефикасни со по 5 гола, но лошиот прв дел остави траги врз тимот на Каденас. Гонзало во вториот дел беше на висината на задачата.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА: