Хрватска лесно ги мина германците и ќе игра за петтото место
Ако воопшто може да се поправи впечатокот по поразот од Полска, момците на Голужа тоа го направија со денешната победа притив Германија. Германците подобро го почнаа мечот и преку Винцек и Генсхајмер поведоа со 2:5 во 8 минута. Но по тајм-аутот на Голужа, хрватите се вратија во мечот и Степанчиќ израмни на 6:6 во 14 минута. Сега ред беше на Дагур Сигурдсон да побара минута одмор, откако Вори и Дувњак и пред се Мирко Алиловиќ, ја оддалечија Хрватска до 10:7 во 21 минута.
Со 13:11 и хрватскиот голман како главна фигура заврши првиот дел. Минаа првите 10 минути од вториот дел и Хрватска со одлична одбрана ги задржа своите највисоки 3-4 гола предност. Штрлек и Дувњак ја превзедоа одговорноста и прелесно ја доведоа Хрватска до 25:20 на 5 минути до крајот. Лесни 28:23 за коцкестите кои до некаде го поправија впечатокот и се изборија за меч за 5 место утре со поуспешниот од мечот Словенија - Данска. Кај хрватите блескаше Алиловиќ со 12 одбрани, Штрлек со 8 и Чупиќ со 5 гола беа најефикасните, а добар меч одиграа и Слишковиќ со 4 и Дувњак со 3 гола. Кај германскиот тим по 6 гола дадоа Шонгарт и Генсхајмер, а Хајнветер со 15 одбрани го имаше својот најдобар натпревар на турнирот.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА: