Mакедонија премоќна за Јапонија за позитивен старт на Мундијалот
Македонската ракометна репрезентација со победа над Јапонија од 38:29 го почна Светското првенство во Германија и Данска, Борко Ристовски имаше брилијантна партија со 20 одбрани. Момците на Раул Гонзалез беа концентрирани во текот на целиот меч, одиграа речиси без пад, функционираа сите позиции во нападот, а на голот одлична партија имаше Борко Ристовски.
Добро го почнавме мечот, поведовме со 3-1, но Јапонија со серија од 3-0 го превзема водството. Сепак следуваше фантастичен период на нашата селекција со серија од 7-1, за предност од 10-5. Водството од пет голови разлика го одржувавме до одморот, на полувремето се замина со 18:13.
Во ист ритам и со голови од двете страни започна вториот дел. Техничките грешки кај нас се зголемуваа и Ватанабе и Нијасаки погодија за -3 во 37. минута. Следеа два гола на браќата Лазаров за 21:26 во 44. минута.
Брзата јапонска игра на работ на ризик ни создаде краткотрајни проблеми, но Манасков и Стоилов одговараа со голови по изработени акции и во последните осум минути влеговме со +6. Искусна репрезентација како Македонија не ја испушти предноста и извојува победа против жилавите, но неискусни Јапонци со 29:38.
Во македонската репрезентација најефикасни беа Кире Лазаров со осум и Дејан Манасков со седум гола, а кај Јапонија се истакнаа Ваканабе и Шида со по четири гола. В недела од 14:00 часот нашиот национален тим се среќава со Бахреин во вториот дуел од групата Б.
ФОТО Екипа.мк