Од Египет 1999 до денешното деби во Минхен - шести Мундијал за Лазаров
Кирил Лазаров денес против Јапонија ќе го запише настапот на својот шести Мундијал. Кире во Египет беше млад, но се наѕираше дека се раѓа лидер во националниот тим. Во Хрватска 2009 година веќе светот го запозна како најдобар десен бек, а потоа сите шампионати се надоврзување на низата.
Во Шпанија, Катар и Франција, предводени од капитенот, ги прескокнавме предизвиците во групната фаза, а сега Кире Лазаров е пред многу голем предизвик. Покрај себе ги нема Миркуловски, Наумче Мојсовски, Димовски, Алушовски и денес на Манасков и Талески гледаме како на искусни репрезентативци.
Но, поучени од ланскиот блесок на Нант, нема нешто невозможно за нашиот капитен, па ни пат за Келн за сметка на Јапонија и Исланд.