Вторпат совладана Србија, Филип Лазаров донесе победа пред сирената
По победата во првиот контролен натпервар со 37:31, избраниците на Раул Гонзалез славеа и на денешниот втор пријателски дуел против Србите со 28:27 (16:13). Дуелот беше од затворен тип и двајцата селектори, Раул и Перуничиќ, експериментираа и тестираа.
Во неизвесна завршница ја донесе Филип Лазаров. Голманот Митревски забележа 13 одбрани, а кај стрелците Пешевски запиша седум погодоци, два помалку од капитенот Кирил Лазаров.
Овој дуел воедно беше и последен тест за Македонија во пресрет на Мундијалот во Германија и Данска, кој го започнуваме на 11 јануари со натпревар против селекцијата на Јапонија.
ФОТО: Филип Вирановски
www.gol.mk