Македонија пресилна за Мароко, ќе игра за 27 место против Кореја
Македонија - Мароко 40:25 (18:12)
Македонија со 40:25 го совлада Мароко и ја забележа втората победа на Светското првенство, па в среда против Јужна Кореја во последниот мундијалски меч ќе се бори за 27. позиција. Уште на стартот се забележа нашиот квалитет, кога по пет минути игра веќе водевме со 7:2. На полувремето водевме со 18:12.
Во второто полувреме почнавме уште подобро, направивме серија од 6:0, не примивме гол девет минути. Ја зголемувавме предноста за на крајот да славиме со убедливи 15 гола разлика, 40:25.
Кузмановски со осум голови беше нашиот најдобар ракометар, Атанасијевиќ постигна седум, Костески и Серафимов дадоа по шест погодоци. На голот одличен беше Томовски со 13 одбрани.
Во групата од Президент Купот завршивме на второто место, зад Тунис. Во среда од 18 часот ќе играме против Јужна Кореја, меч за 27. место.