21.01.2009 Јутарњи лист (Хрватска)
Мојот најсреќен ракометен ден
Пресреќен сум, но уморен, па дури не можам да се радувам. Ова е мојот најсреќен натпревар од кога играм ракомет, бидејќи една мала земја, која 10 години не беше на големи настани, успеа да го победи светскиот вице-шампион. Тие не одиграа слабо, но ние игравме добро - беа првите зборови на Кирил Лазаров, најдобриот македонски ракометар, а во моментов во светот прв стрелец на ракометниот фестивал со 31 гол, по победата над Полска.
Само физички да се издржи. Јас најавив во пресрет на овој меч дека ќе го оставиме срцето на терен, но не знаев дали тоа ќе биде доволно за да се победи. Сега знам дека на овој начин може да се дојде до победа - рече Лазаров.
Од неговата игра и перформанси, и во понеделникот тој постигна 13 голови, може да се каже дека практично сам ги порази полјаците.
Погледнете го интервјуто во интегрално издание на:
http://www.jutarnji.hr/lazarov--moj-najsretniji-rukometni-dan/283915/