Македонската ракометна репрезентација секогаш е хит на големите собири поради своите верни фанови, па така ќе биде и во Виена.
Имено, 2000 македонски навивачи утрнинава индивидуално пристигнаа во австриската престолнина, а од 16 часот во локалот „Pasta Lounge" ќе ја подгреваат атмосферата за вечерашниот меч против Украина.
Овој локал кој се наоѓа на адресата „LERCHENFELDER GÜRTEL 15 1160 WIEN" во Виена ќе биде збирното место за македонските навивачи или таканаречената фан зона во наредните неколку дена.
Македонија вечерва ќе истрча против Украина од 20:30.