Лазаров: Благи фавороти сме против сите противници во групата
Македонската ракометна репрезентација пристигна во хотелот „Хилтон Гарден" во Виена, а расположението е одлично пред почетокот на Европското првенство.
Капитенот Кирил Лазаров со насмевка на лицето најави дека Македонија е фаворит во групата.
„Имавме среќа во ждрепката, имаме противници по мерка, ќе одиме натпревар по натпревар, имаме добра шанса да одиграме три добри натпревари, благи фаворити сме против сите репрезентации, ова е спој на младост и искуство, имаме добра репрезентација, искрено сум амбициозен, оптимист сум за она што претстојува", рече Лазаров.
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац ги одреди 16-те ракометари со кои ќе се спротивстави на Украина, од комбинација отпаднаа Мартин Серафимов и Мартин Томовски.