hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија покажа карактер, Лазаров извлече реми

mkd slo

Словенија – Македонија 28:28 (13:10)

Македонската ракометна репрезентација ремизираше 28:28 (13:10) во Кршко со Словенија на Веселин Вујовиќ во првиот од двата контролни натпревари во подготвителниот период за европското првенство во Полска. Нашите ракометари покажаа карактер и во финишот се вратија од безизлезна ситуација да извлечат нерешен резултат со незгодната и квалитетна Словенија.

По почетното водство од 1:2, нашата репрезентација влезе во криза против словенечката одбрана и момците на Вујовиќ направија серија 6:1 и поведоа со 7:3. Миклавчиќ и Бомбач беа инспиратори на најпозитивниот момент на домашната репрезентација. Таа предност од 3-4 гола Словенија ја исконтролира и задржа до крајот на полувремето и со +3 отиде на одмор.

kiro so slovenija

Во второто полувреме нашите ракометари водени од Кирил Лазаров возвратија со идентична серија и за само 12 минути го свртија резултатот да поведат со 18:20. Одлично ги искористи своите минути и Влатко Митков, кој постигна неколку значајни гола. Габер беше ракометарот кој ја донесе реакцијата кај словенечките ракометари и се чинеше дека при 25:22, домашната репрезентација го има одлучувачкото одлепување за победа. Но водени од Лазаров нашите момци не се предаваа и со два реализирани седмерци на капитенот, стигнаа до 28:28 во последните моменти до натпреварот.

Во репрезентацијата на Словенија по 5 гола постигнаа Миклавчиќ и Габер , а Кирил Лазаров со 7 и Влатко Митков со 4 гола се истакнаа кај македонската репрезентација. Вториот тест двете репрезентации го играат утревечер во 18:30 часот во Цеље.

Фото: www.sportmedia.mk

Share