По победата во првиот од двата тест меча на македонската ракометна репрезентавија против Црна Гора оптимизмот пред заминуњето во Краков дополнително порасна и нашите ракометраи веруваат во нешто големо.
„Добиваме играчи како Пешевски, како Филип Кузмановски кои ни даваат ширина. Ќе имаме добра ротација, подобра клупа, што во минатото го немавме. Се работи за турнирски систем и искрено очекувам најмалку шест натпревари", вели капитенот Кирил Лазаров. Денес Македонија игра против Црна Гора во натпревар од затворен тип, а капитенот Кирил Лазаров ќе биде поштеден од напорите на оваа средба.
ФОТО: Филип Вирановски