hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Победена Црна Гора и во вториот тест, Лазаров и Борко Ристовски одмараа

MAK rakomet Makedonija-Crna Gora-4312

Македонија – Црна Гора 29:26 (13:11)

Со две победи и два нерешени резултати, македонската ракометна репрезентација патува за Краков, каде од петок ги почнува натпревари на европското првенство во Полска. Избраниците на Ивица Обрван и во вториот натпревар ја совладаа Црна Гора со 29:26 (13:11) во меч од затворен тип во СРЦ „Кале" во Скопје. На овој натпревар одмор доби капитенот Кирил Лазаров, а повторно нашите момци делуваа хомогено и многу позрело од противникот.

Радува враќањето на Филип Лазаров, кој по повредата се појави на теренот и одигра одличен дел од мечот, постигнувајќи и два гола. Пак блескаше Дејан Манасков и ја направи разликата во првиот дел, кој црвено-жолтите го решија во своја полза со +2. Во продолжението во ниту еден момент Црна Гора не се доближи и Македонија го доби натпреварот со 29:26. Дејан Манасков со 9, Стоилов со 5 и Влатко Митков со 4 гола беа најефикасни во нашата репрезентација, а покрај капитенот одмор добија и Пешевски, Дупјачанец, Ристовски, Талевски и Кукоски.

В среда со чартер лет нашите ракометари патуваат за Краков, каде ќе отседнат во хотел „Хилтон" и во мир ќе го подготвуваат дебито со светскиот и европски првак Франција в петок од 18:30 часот.

 

ФОТО:Филип Вирановски

Share