Познати 17 патници за европското првенство во Краков
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван попладнево одржа средба со сите ракометари, на која беа соопштени имињата на 17 репрезентативци кои на 13. јануари ќе заминат за Краков. Од списокот одпаднаа Костески, Талески, Митревски и Кукоски. Експедицијата патува со чартер лет во среда точно на пладне.
Список на ракометари за ЕП во Полска:
Борко Ристовски, Даниел Дупјачанец, Гоце Георгиевски, Влатко Митков, Кирил Лазаров, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Кузмановски, Филип Лазаров, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Велко Маркоски, Ацо Јоновски.
„Ова ми е еден од најтешките, ако не и најтежок професионален момент откако сум селектор на оваа репрезентација. Момците повеќе од било кога заслужуваат можност секој поединечно да остави придонес во бранењето на боите на националниот дрес. Но, желбите се едно, а правилата налагаат друго. Финалната селекција беше направена врз база на многу квалитативни, но и квантитативни параметри. Сакам да потенцирам пред македонската јавност дека ниту еден од оние ракометари кои нема да тргнат за Краков на 13. јануари, не е елиминиран. Момците знаат дека треба да бидат спремни да одговорат на повикот за Краков доколку се укаже потреба за нивно присуство таму во текот на првенството", изјави Обрван по одлуката на дефинитивниот список.
Четворицата ракометари кои испаднаа од списокот се резерви и во случај да затреба ќе се јават на повикот на селекторот.
ФОТО: Филип Вирановски