Претседателска посета пред заминување на ракометарите за Краков
Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов свечено ги испрати ракометарите во Краков и им посака да го постигнат најголемиот успех досега на големите приредби. Заедно со претседателот на РФМ, Живко Мукаетов тој лично се поздрави со членови на експедицијата, а разговараше нешто подолго со капитенот Кирил Лазаров.
Иванов им подари македонско знаме како амајлија за среќа, а ракометарите возвратија со дрес со бројот 1 како подарок на претседателот.
Утре на пладне со чартер лет од Скопје експедицијата заминува за Краков, каде ќе се обиде да остане што е можно подолго во обидот да ги оствари зацртаните цели на силното европското првенство.
ФОТО: Филип Вирановски