Точно на пладне со чартер лет од Скопје, експедицијата на македонската ракометна репрезентација, во која патуваат 17 ракометари, стручниот штаб и челниците на РФМ летнаа за Краков каде ќе стигнат нешто по 14:00 часот. Целта на „црвено-жолтите" е да останат што е можно подолго во Полска и да исполнат барем дел од целите кои ги зацртаа пред заминувањето.
Најмалку шест натпревари е сонот на репрезентативците, а место во олимписките квалификации е императив, кој може да се избори на два начини: со подвиг во Краков или со помош на другите репрезентации.