Ивица Обрван откри дека капитенот на Вардар, Филип Лазаров ќе биде ракометарот кој утре ќе се најде на трибините за мечот со Франција. Со оглед на тоа што противникот е физички многу моќна репрезентација, а Лазаров не е залечен, Обрван се одлучи да не ризикува.
Филип Лазаров нормално тренираше и целта е да се оспособи за мечот со Полска в недела, а да биде максимално подготвен за мечот со Србија.
ФОТО: Филип Вирановски