hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Сочувавме сили за Полска, а Полска сепак не е Франција!

EHF EURO 2016 rakomet Francija-Makedonija   VTORO-5491

1

Капитенот одигра уште еден одличен натпревар и постигна 9 гола, во многу делови од мечот делуваше спектакуларно и радува што уште едно европско првенство, Лазаров почнува во голема форма.

„Веруваме во победа секогаш, но немавме преголеми илузии дека можеме да ја совладаме Франција. Во првиот дел бевме одлични, но во продолжението направивме грешки во одбраната, а тие со неколку промени во таа фаза не изненадија. Финалниот исход не е реален однос на силите на овој меч. Сега треба да се одмориме и да се обидеме да ја совладаме Полска, која не е на нивото на нашиот денешен ривал. Не се потрошивме премногу и оставивме сила за тоа што следува. Главите горе и верувам дека доаѓаат подобри денови за оваа репрезентација", изјави Лазаров.

В недела во терминот од 20:30 часот Македонија игра против Полска во второто коло од групата А во Краков.

 

ФОТО: Филип Вирановски

Share